Видео: Француските научници докажал што се случило со Хитлер после Втората светска војна

Француски научници ја потврдија службената теорија дека Адолф Хитлер се убил во својот бункер во април 1945 година.

Иако кружат различни теории на заговор- некои тврдат дека Хитлер со Ева Браун избегал со подморница во Аргентина, според друга теорија тој е виден во Колумбија опкружен со угледни нацисти, а во 1980 година се појавила и приказна дека се оженил со млада Бразилка. Сега секој сомнеж би требало да биде отстранет.

Истражувањето на француските научници објавено во научното списание “Јуропеан журнал” под наслов “Остатоци од Адолф Хитлер: Биомедицинска анализа и дефинитивна идентификација”, докажува дека Хитлер навистина извршил самоубиство.

Имено, Французите го споредиле стоматолошкиот картон на Хитлер со коските кои руските тајни служби ги поседуваа и ги чуваат во Москва, па се увериле дека примероците во целост се поклопуваат.

Лидерот на истражувањето, професорот Филип Шаријер, изјавил дека го идентификувале преку необичните протези. Хитлер, иако имал 56 години, имал само пет свои заби и специфична протеза.

Дополнителна потврда е извршена со микроскопски преглед на забите на кои немало траги од месо, а добро е познато дека Хитлер бил вегетеријанец. Тоа за научниците им одело во прилог да ја потврдат тезата за самоубиство.

 

 

 

21.05.2018 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега