Заев го откри предлогот за името: Четвртиот Илинден да биде наша гордост

По лидерската средба денеска премиерот Зоран Заев истакна дека е даден предлогот Република Илинденска Македонија, и кажа дека Грците не барале референдум.

-Четвртиот Илинден да биде гордост, изјави Заев.

Заев ги повика сите, Македонци, Бошњаци, Албанци, Турци, да го прифатат предлогот за како што рече да одиме напред, и да се поддржи решение за економски просперирет и напредок.

- Ги повикувам сите да ја искористат оваа шанса, ова треба да биде прифатено и од Грција, таа станува наш поддржувач и пријател, изјави Заев.

Покрај претседателот Иванов на средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска како и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

 

 

 

19.05.2018 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега