Угриновски единствен кандидат за претседател на Федерацијата на планинари

Федерацијата на планинари денеска избира ново претседателство. Единствен кандидат за претседател е Јовица Угриновски, кој на функцијата е два мандати по ред, пренесе макфакс.

Дел од делегатите замерија дека според Статутот на Федерацијата, Угриновски не може да биде избран по трет пат.

Претседателот Угриновски пред делегатите на Изборното собрание го претстави извештајот за работата на Федерацијата во изминатиот период. Во осум точки тој ги претсави успесите на федерацијата и идните планови. Како голем успех ги претстави средствата издвоени за обнова на руинираната кула „Титов врв“.

„За жал имаме многу отворени прашања како што е состојбата и легалзиацијата на планинарските домови во сопственост на Федерацијата или на планинарските клубови“, рече претседателот Угриновски. За разлика од отворените прашања кои можат да се поправат, како работа која неможе да се поправи Угриновски ја спомна несреќата на Кајмакчалан во која загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

 

 

 

19.05.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега