Битолчанец се вратил од гости и се шокирал кога си го видел автомобилот

СВР-Битола соопшти дека синоќа околу 21.35 часот во Битола на улица „21-ва“ од страна на непознат сторител било опожарено паркирано патничко моторно возило “Пасат“ со битолски регистарски ознаки.

Сопственик на возилото е С.Р. од село Обедник, демирхисарско кој во моментот бил на гости. Сторителот го скршил стаклото од предната страна на возилото и внатре фрлил непозната запалива материја, со која предизвикал пожар. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Битола и од сопственикот.

Од СВР-Битола посочуваат дека синоќа бил извршен увид на местото на настанот, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.05.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега