Османи: Имаме решение прифатено од двете влади

Во дебата на „360 Степени“, тема беше самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија и исходот од него, во прв план информациите за името дека „една опција е прифатлива за двете влади“. За ова зборуваше вицепремиерот Османи.

– Самитот во Софија ќе биде историски и поради значителниот напредок за прашањето за името. Како што рече и премиерот на прес-конференцијата, дека првпат после 27 години спор, имаме решение коешто е прифатено од двете влади. Тука влегуваат и другите чинители во општеството, тука влегуваат опозицијата, претседателот на државата, граѓаните, затоа велиме значителен напредок а не велиме завршено прашање, заради тоа што владата е само еден чинител, можеби најважниот чинител, но е само еден. За да има решение треба да има се, цело е кога има се, треба сите чинители во двете општества да се согласат на тоа решение, истакна тој.

Тој не сакаше да ја коментира информацијата дека предлогот за името е „Република Илинденска Македонија“.

 

 

 

 

19.05.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега