Видео: Хиперсоничното оружје на Путин е досега невидено - никој не може да ги собори

Руското хиперсонично оружје кое ќе може да погоди било кое место на светот за само неколку минути ќе биде подготвено за 2020 година, јавуваат бритнаските минути.

Ова го велат анонимни извори кои тврдат дека имаат пристап до американските податоци за оружјето наречено „Авангард“, кое може да патува со 20 пати поголема брзина на звукот. Во моментов од „Авангард“ САД не може да се одбрани. Русија успешно го тестирала „Авангард“ веќе два пати во 2016 година, тврдат изворите.

Авангард е дизајниран да се најде на врвот на интерконтиненталните балистички ракети. Кога се лансира, користи аеродинамика за да лета над атмосферата.

Може да направи остри движења , што го прави неранлив на било кој систем на ракетна одбрана.

Путин го опишал своето оружје како „непобедливо“. Соопштил дека Авангард ќе лета со 20 пати поголема брзина на звукот и ќе удира како метеор, како огнена топка. Рускиот претседател потврдил дека хиперсоничниот глајдер веќе влегол во сериско производство.

 

 

 

18.05.2018 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега