Откриен голем скандал: Платини призна дека еден од најголемите натпревари во историјата на фудбалот бил наместен

Во финалето на Светското првенство во 1998 година во Франција, домаќините се сретнаа со Бразил, а 20 години подоцна Мишел Платини призна дека таквиот исход од почетокот бил наместен.

Поранешниот претседател на Уефа и француска легенда Мишел Платини изјави дека Светското првенство било наместено за домаќините да не се сретнат со Бразил до самото финале.

Франција пред 20 години го совлада Бразил 3:0, благодарејќи на Зинедин Зидан и Емануел Пети, па прв пат станаа светски шампиони и тоа пред својата ублика.

Според Платини, кој беше еден од организаторите на тоа првенство „сонот на сите луѓе“ беше да ги види домаќините како го победуваат сега веќе петкратниот светски првак во финалите. А тој лично се потрудил така и да биде.

-Кога ја организиравме ждрепката, имаше малку маневри, се послуживме со трикови за да не можеме со Бразил да се сретнеме пред финалето, изјави тој.

-Знаевме дека ако и ние и Бразил завршиме први во групата, нема да можеме да се сретнеме пред финалето. Така и беше.

Бразил во групата А ги совладаа Шкотска и Мароко, а изненадувачки изгубија од Норвешка, а Франција ги доби сите три натпревари од групата Ц, против Јужна Африка, Саудиска Арабија и Данска. Двете репрезентации завршија први во групите, така што завршија на различни страни во нокаут фазата.

-Па не се досадувавме шест години со организирање на Светско првенство за да не наместиме малку. Мислите дека другите не го правеле тоа на Светските првенства? Франција- Бразил во финале, па тоа беше сон на сите луѓе, призна Платини за новите игри со кои се служел во текот на своето владеење со светскиот фудбал.

Платини доби суспензија поради финансиски манипулации во 2015 година. Првата казна беше осум години, а потоа беше намалена на четири.

 

 

 

18.05.2018 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега