Заев уверува дека Тачи нема да биде дел од Владата - не кажува кои министри ги менува

Премиерот Зоран Заев одби да каже кои министри на СДСМ ќе бидат сменети, но рече постигнати се договори со БЕСА и ДПА.

Тој прецизираше дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата на новинарско прашање во врска со бомбата каде Тачи му ветува безусловна лојалност на Мијалков.

– Доверба е релативна работа, јас зборувам за имиња и презимиња. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме. Можам само да кажам дека Мендух Тачи нема да биде член на владата. Имињата не би сакал се уште да ги соопштам, процесот на одлучување е се уште во тек. Внимателен сум и не сакам да си играм со судбината на некои личности. Веднаш штом ќе бидат познати имињата ќе го споделам тоа, рече Заев.

 

 

 

15.05.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега