Амди Бајрам станува дел од Владата на Заев

Сојузот на Ромите на Амди Барјам станува дел од владината коалиција, предводена од СДСМ. Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. 

- Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој што делуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово ќе биде соопштено од самите партии кои ги номинираат кандидатите, рече Заев.

 

 

 

 

15.05.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа