Со векови стои криво и никогаш не паѓа: Откриено како кулата во Пиза и пркоси на гравитацијата

Новото истражување открило на кој начин кулата во Пиза ги „преживува“ бројните земјотреси и поместувања на тлото и цврсто стои толку години.

Отпорноста на познатата кула висока 58 метри сега ја откриле истражувачите од универзитетот во Бристол и Лондон.

Истражувачки тим од 16 инженери открива дека со висината и крутоста во комбинацијата со мекото темелно тло кулата е максимално обезбедена, а тој феномен е познат како динамичка интеација на земјината структура, па така кулата во Пиза држи рекорд кога станува збор за ваквите градби.

„Интересно е тоа што тлото довело до тоа кулата да се накриви и сега ја држи на место.  година и траела скоро Изградбата на улата почнала во 11 години поради серијата војни“, вели професорот Мионакис од Универзитетот во Бристол.

Инаку, голем труд е вложен кулата да се задржи таму каде што е, бидејќи нејзините темели се оштетени во Првата светска војна, а во деведесетите години комплетно е затворена за посетители поради ризик од лизгање.

 

 

 

12.05.2018 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега