Детали за вооружениот инцидент во средното училиште: Соученици се скарале, па едниот го застрелал со пиштол

Едно тинејџер е ранет денеска при пукотници во средно училиште во градот Палмдејлс во американската сојузна држава Калифорнија, јавија американските медиуми.

Локалната полиција соопшти дека повредениот е ученик во средното училиштето „Хајланд“ во градот Палмдејлс, што се наоѓа на околу 100 километри северно од Лос Анџелес, кој бил застрелан со пиштол од негов 14-годишен другар од класот.

Шерифот на полицијата на округот Лос Анџелес, Дарен Харис информира дека напаѓачот е приведен, како и дека полицајците го пронашле пиштолот на местото на настанот.

Харис додаде дека на инцидентот му претходела расправија меѓу двајцата ученици.

Според него, повредениот ученик има прострелна рана во раката и бил пренесен во болница.

– Се очекува жртвата целосно да се опорави од повредата, нагласи Харис.

Инцидентот се случил околу 7 часот по локално време (16 часот по средноевропско време). Претходно, полицискиот заменик-шериф Чарлс Мур изјави дека во време на инцидентот во објектот немало други ученици, затоа што тој се случил половина час пред почетокот на наставата.

Поради настанот во училиштто „Хајланд“ денеска не се одржува настава.

Од почетокот на годината во САД се случија неколку напади врз училишта, од кои најтрагичен беше оној од средината на февруари во Флорида, кога беа убиени 17 лица.

 

 

 

11.05.2018 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега