Засадено дрво на човекови права на местото на Ќосето пред Врховен

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и германскиот заменик министер за надворешни работи Михале Рот денеса засасадија дрво Гинко на местото каде некогаш стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето. Ова дрво е симбол на  правата на човекот, а ќе се додаде и изгравирана плоча која ќе потсетува на правото на праведно и јавно судење на секој граѓанин пред независен и непристрасен суд изразено во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации. Плочата е донација од збратимениот град Нирнберг и ќе упатува порака дека во судот правдата се дели непристрасно.

„На оваа локација на која пред нешто повеќе од 2 месеци беше отстранета дивоградбата на која беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, денеска е засадено дрвото на човековите права. Поставувањето на споменикот на Ќосето пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Но, отстранувањето на споменикот и засадувањето на таканареченото дрво на човекови права на местото на постаментот – дивоградба е симбол на почитување на законитоста“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

 

 

 

10.05.2018 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега