Енергетско поврзување на Макеоднија со соседството

Единствен пазар на струја во регионот на Југоисточна Еврпа е гаранција за квалитетно снабдување по пониски цени. МЕПСО од утре во Охрид ќе биде домаќин на дводневната конференција на преносните оператори на земјите од ЈИЕ. Конференцијата се одржува под мотото „Границите да станат мостови“ што значи дека и покрај бројните политички разидувања што ги имаат земјите посебно од регионот на Западен балкан, струјата ги обединува, пренесува Сител.

Од сите земји во овој регион Макеоднија  е едиснтвена која се уште нема берза на струја. Новиот заон за енергетика кој ќе се применува од идната година предвидува основање на ваков пазар кој ќе обезбеди фер шанса на сите трговци со енергија.

Македонскиот електро преносен систем во наредниот период ќе ги продолжи инвестициите за подобро поврзување со другите земји. Крајната цел на тој процес, според Василевски и граѓаните и фирмите да имаат стабилно снабдување со струја.

 

 

 

10.05.2018 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега