Пожар вечерва кај Народна банка во Скопје - итните екипи на терен

Пожар избувнал вечерва кај новата зграда на Народна банка во Скопје, која се гради до Министерството за надворешни работи, објави „Макфакс“.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека во гаснењето на пожарот интервенирале две возила и пет пожарникари и дека огнот е изгаснат. Тој информира дека горел градежен материјал и дека пожарот бил надвор од објектот.

Сѐ уште не се познати причините за настанување на пожарот, ниту дали има повредени.

 

 

 

 

10.05.2018 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега