Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вечерва гостуваше на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ каде истакна дека Владата нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање.
-Пензиите се стабилни и растат. Два пати ги усогласивме во 2017 година, и еднаш во 2018. Пензионерите не реагираат на приказните на опозицијата. Старосната граница за пензионирање нема да ја зголемиме. Разговаравме за ова и со Светската банка и и кажавме дека ова е ставот на Владата. За сите други мерки можеме заедно да работиме - рече Царовска.
10.05.2018 - 21:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа