Видео: Обезбедувањето грубо го турна, а Путин му пријде - ова е ветеранот за кој цел свет зборува

Видео снимка на која се гледа како рускиот претседател Владимир Путин го штити ветеранот на парадата за Денот на победата од претседателското обезбедување, стана хит на друштвените мрежи. Се испостави дека ветеранот и Путин се знаат од претходно.

Пензионираниот генерал-мајор, 94-годишниот Дмитриј Сиркешев рекол дека во воена служба е повикан кога имал помалку од 17 години. После шестмесечната обука, младиот војник бил испратен директно на фронт.

Првата голема операција во која Сиркешев учествувал била Битката за Смоленск во 1943 година.

Едно време Сиркешев се борел и на јапонски фронт, а по завршувањето на Втората светска војна станал активен во руската војска, каде дошол до чинот генерал-мајор.

Тој е стар познаник на Путин, бидејќи имале можност да разговараат во текот на претходните организации на Денот на победата. Сиркешев вели дека „инцидентот“ со обезбедувањето на Путин не е толку голема работа. Веднаш после туркањео Путин и Сиркешев продолжиле заедно да се движат. „Ме праша за здравјето“, рекол Сиркешев.

Путин го допратил Сиркешев до Гробот на Непознатиот јунак каде заедно положиле цвеќе.

 

 

 

10.05.2018 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега