Град во Србија под полициска опсада - жените во страв

Граѓаните на Чачак, Србија, веќе два месеци се во паника поради манијак кој ги пресретнува во ноќните часови и ги напаѓа.

Сведочењата на многу девојки за немилите настани уште повеќе ги вознемирило жените во овој град.

-Ми пријде од зад грб. Грубо ме турна на автомобил на паркингот од хотел. Веднаш му ја дадов чантата и мобилниот телефон, само за да не ме нападне. Меѓутоа тој сакаше нешто повеќе. Бев парализирана од страв -вели една од жртвите на овој напаѓач.

Многу девојки ги раскажале своите приказни со средбата со напаѓачот, а скоро сите потврдуваат дека станува збор за психички болна личност.

Полицијата интензивно ги прегледува снимките од надзорните камери и трага по лицето, па прашање на време е кога ќе биде уапсен.

 

 

 

10.05.2018 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега