Пожар во рудник во Русија: Рударите итно евакуирани

 Во рудникот за јаглен Распадскаја во регионот Кемерово изби пожар на длабочина од околу 500 метри, по што сите рудари се евакуирани, соопшти локалната служба за брза помош.

- Пожарот се случи во рудникот Распадскаја во Межуреченска, на длабочина од 500 метри. Никој не е повреден. Сите 195 рудари се евакуирани на површина, информира извор од рудникот.

Според првичниот извештај, се запалил јаглен под машина за ископување на рудата.

Поради пожарот на неопределен период се прекинати сите работи во рудникот. 

 

 

 

10.05.2018 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега