Исчезнати тројца штитеници во еден ден од „25-ти Мај“

Според дневниот билтенот на Министерството за внатрешни работи, вчера 09.05.2018 година, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ во полициската станица Чаир пријавила дека на 08.05.2018 година во 08:30 часот во непознат правец исчезнале тројца штитеници од домот „25-мај“. Штитениците се на возраст од 18, 15 и 13 години.

Ова не е прв ваков случај во оваа воспитната установа која згрижува малолетници „25 -ти мај“, но е прв случај во еден ден да избегаат дури тројца штитеници. Воспитна установа пред само неколку месеци беше синоним за хорор и злоупотреба на малолетни лица.

Според информациите кои излегоа во јавноста и за што имаше големи реакции од страна на граѓаните е случајот на 13 годишното девојче кое било сексулно злоставувано. 13 годишната штитеничка во домот „25-ти мај“ мораше да абортира откако претходно била сексуално злоставувано. Она што вознемирувачко и згарижувачко е што одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители.

Според сведочењата на девојчето, пред откриеното сексуално злоставување на ромски девојки под државна заштита во Македонија, девојката била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје каде полицијата ја нашла на Бит-пазар“.

 

 

 

10.05.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега