Видео: Невиден масакр во Џамија - касапеле верници со ножеви, а потоа подметнале пожар

 Најмалку едно лице е убиено, а две други се ранети денеска, кога тројца мажи вооружени со ножеви нападнале верници во џамија во местото Верулам, во близина на јужноафриканскиот град Дурбан. 

Како што соопшти претставник на локалната полиција, тројцата напаѓачи, кои носеле и пиштоли, на жртвите со нож им ги пресекле вратовите, по што подметнале пожар во џамијата и побегнале.

Според истиот извор, повредените верници се наоѓат во критична состојба.

Мотивите за нападот, кој бил извршен за време на молитва во џамијата, засега не се познати. 

 

 

 

10.05.2018 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега