Шаќири: Заев знае колку добро и брзо се справував со кризите

Џезаир Шаќири - командант Хоџа -  во интервјуто за Канал 5 посочи какви квалификации треба да има цоветникот на премиерот и дека освен образованието, важно е искуството на Терен. Тој истакна дека не гледа ништо спорно во неговото именување за советник на премиерот Заев по десетина години илегала во Танушевци.

Отидов во моето село за да избегам од криминалците стационирани во власта и потоа се потврди дека јас немам обвинение, туку за мене има некое обвинение конструирано од власта, а не како што тие имаат обвинение за тероризам кои го нападнаа парламентот. Во времето кога бев пратеник 2002-2006 година и господинот Заев беше пратеник. Господинот Заев е запознает со кризите во тоа време, кои се појавуваа во одредени кризини подрачја излезени од конфликтот и знае многу добро со мојот авторитет како ги решавав и колку брзо ги решавав во интерес на државата и на граѓаните во тие подрачја кои се појавуваа кризите, изјави Шаќири.

За назначувањето на Командант Хоџа, со загриженост реагираше и Амбасадата на САД, со оглед дека неговото име уште од 2001 година е на црната листа на Вашинготн. Хоџа вели дека на неа се нашол по грешка.

Имам обвинение од поранешниот амбасадор Лоренс Батлер, кога бев пратеник, го дигна гласот против начинот на имплементација на Охридскиот договор. Обвинението е многу јасно пратеникот на НДП, тогашната партија, се изјаснил дека не го одобрува начинот на кој се имплементира Охридскиот договор. Мислам дека тоа е една поширока листа, да бев јас финансиски моќен, ќе пратев некого во Америка и ќе ме повлекоа од таа листа, изјави командант Хоџа.

 

 

 

10.05.2018 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега