Прво интервју на Аса по нападот: „Третата светска војна нема да почне од Сирија“

Единствената мисија која САД ја спроведуваат во Сирија е поддршка на терористите, без оглед на нивните имиња или имињата на нивните фракции, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Изјавата е дадена како коментар информацијата од американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ја завршиле мисијата во Сирија.

- Единствена завршена американска мисија во Сирија беше кога и помогнаа на т.н. Исламска држава да побегне од Рака, што е забележано на видео снимка. Лидерите на ИД побегнаа од Рака кон Деир ез Зор за да се борат против сириската војска. Втора завршена мисија беше кога стрелаа во припадници на сириската војска кон крајот на 2016 година во Деир ез Зор, кога беа опколени од припадници на ИД, изјави Асад. Тој тврди дека единствено сириската војска го бранела тој град, а поради САД и нивните сојузници паднал во рацете на ИД. 

На прашањето дали е загрижен дека трета светска војна би можела да почне во Сирија, Асад одговори одречно.

- Русија нема да дозволи трета светска војна поради својата политичка мудрост, истакна сирискиот претседател.

Откако му беше побаран коментар за тоа дека американскиот претседател Доналд Трамп во еден од своите твитови го нарекол „животно“, Асад изјави дека прашање е дали таквиот речник ја претставува американската култура.

- Кога сте претседател на држава, првенствено го претставувате моралот на народот, а потоа својот. Ваков речник е многу лош и сметам дека не постои држава во светот која има таков речник. Но, добра работа во врска со Трамп е тоа што се претставува на транспарентен начин, и во таа смисла е добро, изјави сирискиот претседател во интервју за „Катимерини“. 

 

 

 

10.05.2018 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега