Кавга на комисиската расправа за законот за медиуми: „Недолично е еден министер да им дофрла на пратениците“

На денешната седница на матичната комисија на која се разгледуваат амандманите за предложените изменина законот за медиуми, изби кавга, по која што беше дадена пауза.

пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ реагираше зошто му се дозволува втора контрареплика на Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ. На ова реагираше и Ане Шакоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која ја води седницата како заменик-претседател на комисијата, велејќи дека и во оваа комисија и во други каде што таа е член никогаш немало ограничување на бројот на реплики и контрареплики.

Во расправијата се вклучи и министерот Манчевски, по што Лашкоска го искара.

„Ве замолувам да се воздржите од коментари, зошто ако мислите дека со закана ќе ги заплашите пратениците, се лажете.“ - изјави Ане Лашкоска, ВМРО-ДПМНЕ, велејќи му на Манчевски дека е недолично за еден министер да им дофрла на останатите пратеници.

 

 

 

 

10.05.2018 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега