Видео: Драма во Грција - Солун потопен за неколку минути, има и исчезнати

Силно невреме со грмотевици, пропратени со врнежи од град го погоди денеска Солун, по што градската пожарникарна-спасувачка служба примила повеќе од 300 повици за помош.

Спасена е жена која била повлечена од силниот ветер, а се продолжува со спасување на луѓето кои останале заглавени во автомобилите на мост, поради високо ниво на вода.

Многу продавници и куќи, како и градското собрание, се поплавени поради силниот дожд, кој улиците ги претвори во реки.

Во некои делови од градот нема ниту електрична енергија, додека поради гром кој удрил во меѓународниот аеродром во Солун, запрено е дополнувањето на гориво, наведува грчката агенција.

Улиците низ ценаторт на градот се поплавени, а сообраќајот е отежнат, во некои делови и целосно оневозможен.

Засега нема прецизни податоци за евентуални жртви, а како што пишуваат грчките медиуми исчезнала една жена.

 

 

 

 

10.05.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега