Видео: Пазарџиите на Бит Пазар и се спротивставија на полицијата

Во тензична атмосфера се отстрануваа тезгаџиите пред Бит-пазар. Инспекции со асистенција на полицијата бараа да се тргнат тезгите од тротоарите, објави Сител.

„Брутално. Беа наоружани, специјалци, 20 специјалци и ни рекоа одма да се ислеите од тука; Денеска дојдоа околу 30 алфи и рекоа под итно да си одите од тука. Поставивме прашање, кај да одиме?“

„Кај треба ние да се обратиме и да ни најдат место, ние таксата ќе си ја платиме. Тука може не е местото ама ние сме го нашле моментално, егзистенцијата наша е таа.

Протестот на пазарџиите доаѓа по еден месец откако со нив се сретнаа градоначалниците на Скопје и Чаир кои од нив побараа да ги отстранат тезгите за да може да се уреди влезот на старата чаршија.

Градските власти денеска повторија дека не дозволуваат тезги надвор од пазарите.

„Градот Скопје нема да отстапи од намерата да ги ослободи тротоарите по должината на градските улици и булевари.  На трговците им обезбедивме простор во рамки на Бит-пазар под одредени услови“, пишуваат од прес службата на градот Скопје. 

По еден час блокада, пазарџиите го ослободија булеварот пред бит-пазар. Нов протест најавиа за утре.. Градот Скопје нема да отстапи од намерата да ги ослободи тротоарите по должината на градските улици и булевари.  На трговците им обезбедивме простор во рамки на Бит-пазар под одредени услови.

 

 

 

10.05.2018 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега