Страшно невреме со град и дожд во Солун (видео)

Силно невреме со громотевици, град и пороен дожд го погоди Солун. Спасувачките служби досега добиле над 300 повици за помош и работат на спасување на луѓето кои се заглавени во автомобилите поради високото ниво на водата.

Многу продавници и куќи, како и градското собрание се поплавени поради дождот кој ги претвори улиците во реки.

Во некои делови на градот нема електрична енергија, а поради гром, кој удри на меѓународниот аеродром во Солун, од претпазливост накратко беше прекинато дополнувањето на авионите со гориво.

На Јутујб беа објавени неколку видеа од невремето, погледнете како изгледаше.

 

 

 

10.05.2018 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега