Исчезнати три малоленти лица од Скопје, и една 20-годишна девојка

Повторни исчезнати три малолетници од домот „25-ти Мај“ и една 20 годишна девојка од Скопје.

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 08.05.2018 година во 08часот и 30 минути во непознат правец се оддалечиле тројца штитеници на домот на возраст од 18, 13 и 15 години.

Исто така вчера во 20 часот и 30 минути во полициска станица,54- годишниот А.Ј од Скопје пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот во непознат правец се оддалечила неговата ќерќа 20- годишната З.Ј.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. 

 

 

 

10.05.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега