УХМР издаде прогноза: Подгответе се за силни грмежи и дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец со температури до 25-от степен.

Во скопско променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Викендов ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

 

 

 

10.05.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега