Две момчиња повредени во сообраќајка во Тетово
Вчера околу 12 часот и 30 минути на локалниот пат Тетово-село Фалише, во близина на надвозникот од автопатот Тетово-Скопје, се случило сообраќајна незгода.
Имено патничко возило „Форд КА“ со гостиварски регистарски ознаки, од 22- годишниот В.И од Тетово удрило во велосипед со мотор „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван 23- годишниот Ф.Ќ. од село Горно Палчиште. Притоа, со повреди се здобиле возачот на велосипедот со мотор, Ф.Ќ. и неговиот сопатник 26- годишниот Б.Љ од Тетово.
Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош биле задржани за натамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа