Незапаметен потоп во Анкара: Вакво нешто се гледа еднаш во 500 години, водата носеше се пред себе (видео)

Силното невреме и поројните дождови предизвикаа огромна штета во главниот град на Турција Анкара, особено во предградието Мамак.

 Таму поплавата однесе над сто автомобили со себе. Повредени се неколку лица, голем број продавници се поплавени. На снимките се гледа дека е однесен и дел од коловозот.

Денеска пак, граѓаните и локалната самоуправа расчистуваа во деловите кои беа зафатени од поплавата. Метеоролозите со лоши вести – наредните денови најавуваат уште обилни дождови кои би можеле да предизвикаат поплави во близина на Истанбул и Измир.

На оваа снимка може да се види како еден човек се спаси од поплавата „сурфајќи" на автомобил кој беше однесен од силната вода.

 

 

 

07.05.2018 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега