Полициски возила и хеликоптери: Блокиран центарот на Оксфорд, пресметка со напаѓач- едно лице рането

Во центарот на Оксфорд, Англија, денеска дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен напаѓач, откако едно лице беше рането.

Вооружено лице пукало кон полицијата, која возвратила со оган.

Според Би-Би-Си, полицијата во моментов преговара со напаѓачот.

Претходно, итната помош соопшти дека едно лице е рането и оти се здобило со лесни повреди.

Полицијата го блокираше центарот на Оксфорд, на терен има 10 полициски возила, а кружи и хеликоптер.

 

 

 

07.05.2018 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега