Изгубила 100 килограми, денес изгледа како друга личност, а за тоа имала само една мотивација

Со прекумерната тежина се борела долги години, а една од нејзината главна мотивација за да ги намали килоргамите била љубовта. Лорен (38) од Њу Џерзи успеала да ја реализира својата цел, но морала да се справи со премногу препреки.

Кога се впуштила во борбата со килограмите, имала 180 килограми. Целото време поддршка ѝ бил момчето Карлос. Иако нејзината килажа им сметала да имаат сексуални односи, блискоста ја граделе и наоѓале на различни начини. Карлос ја запроси Лорен пред извесно време, а помислата дека ќе нема да ја облече венчаницата, беше уште поголема мотивација за Лорен да ги намали килограмите.

Со помош на докторите изгубила дури 100 килограми. Ваквото губење на килограми никогаш не поминува без останување на вишок кожа, а таа кожа ја отстрани со операции. Неа ѝ биле потребни два хируршки зафати за целосно да ги отстрани сите слоеви на вишок кожа. Кога денес ќе ја погледнете Лорен, ќе забележете дека се работи за друга личност.

За нејзината трансформација и приказна се пренесуваше во серијалот “TLC Show Skin Tight”, а оваа приказна сигурно ќе ги охрабри многумина кои сметаат дека никогаш ќе нема да се справат со прекумерната тежина.

 

 

 

 

07.05.2018 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега