Раководител на Ѓавато боледува во канцеларија – вработените изигруваат болничари

Шприцови, цевки за катетар, садови и лекови. Оваа просторија во којашто се е подредено за лекување на болен, не е ниту болничка соба ниту просторија за домашно лекување. Туку канцеларијата на раководителот на хидросистемот Ѓавото во Богданци, објави Телма.

Наместо биро, екипата на Телма затекнала болнички кревет и човек кој е врзан за него скооро два месеци откако имал сообраќајка. За него се грижат вработените, му даваат лекови, го хранат. Му менуваат и катетер, и му помагаат да одржува хигиена.

Раководителот Јован Попов не сакал да го снимат, но тврди дека поради работата мора да е присутен и дека има дозвола од министерството за животна средина.

Вработените велат дека Попов има семејство, но со години живее во канцеларијата. Тие испратиле слики до министерството за животна средина, но досега никој не дошол, ниту пак реагирал. Исплашени дека може да им се загрози работното место не сакаа да го снимаме во лице, и само од страв за сопствената егзистенција прифаќале да изигруваат болничари на својот претпоставен сметајќи дека немаат избор.

Од Миниството за животна средина објаснуваат дека раководителот Јован Попов е на боледување од 30 март до 25 мај оваа година. Во меѓувреме, според министерството, нема застој во функционирањето на системот Дојранско Езеро.

Инаку во рамки на новата систематизација министерството имало предвидено реструктурирање на единицата одговорна за системот Ѓавато-Дојранско Езеро, но истата било планирано да се реализира по боледувањето на Попов. Министерството тврди дека не знаеле дека Попов е сместен во канцеларијата.

Видеото погледнете го ТУКА.

 

 

 

07.05.2018 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега