Откриени тајните на среќните партнери : Овие 3 работи се клучни за успешна врска

Односот со партнерот е еден од клучните за нашата среќа. Д-р Гај Винч, еден од водечките светски брачни психотерапевти, откри дека среќните двојки се разликуваат од несреќните по три клучни работи кои ги негуваат.

 Тоа се:

Емпатија
Кога сме долго во некоја врска, ние веќе сме склони да претпоставиме однапред што другото лице мисли или чувствува. Таквото верување дека можеме да ги “читаме мислите на другата личност” е погрешно и штетно, што покажуваат бројни студии. Емпатијата е способност да се разберат чувствата и психолошките доживувања на другите. Тоа значи да чувствувате како работите изгледаат од перспектива на друго лице, како да сме “во неговите чевли”. Емпатијата е суштинска вештина во меѓучовечките односи и генерално оние кои ја негуваат, имаат подобри односи со другите луѓе.

Емоционално прифаќање
Емоционалното прифаќање е нешто за што секој човек копнее. Сите ние сакаме да чувствуваме дека сме прифатени, а посебно тоа ни е важно пред очите на оние пред кои сме емотивно голи, откриени, разоткриени. Кога сме вознемирени, повредени, лути или фрустрирани, ние сакаме другата личност да разбере како се чувствуваме, да ја сфати нашата емоционална состојба и да покаже прифаќање. Прифаќањето на емоциите на друго лице често е магична компонента, која во моментот го намалува интензитетот на чувството и ја олеснува комуникацијата. Емпатијата и емотивното прифаќање се тесно поврзани.

Љубезност и почит
Двојките во долготрајните врски во голема мера ја потценуваат важноста на љубезноста во комуникацијата и малите знаци на почит кон партнерот. Топла порака, тонот со кој му се јавуваме на телефон, подготвката на омилената храна, прегратка – сите тие се мали дневни работи кои ние ги забораваме да ги негуваме со текот на времето, а кои на врската и даваат топлина и позитивност и ги намалуваат тензиите и стресот. Среќните двојки, без исклучок, ја негуваат оваа важна компонента.

 

 

 

 

07.05.2018 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега