Заев: Се докажува дека целосната снимка не соодветствува со објавената, очекувам ослободителна пресуда

Мислам дека дадов одговор за сите важни прашања, се докажа и преку тоа што досега се знае, и преку сведочењето на сведокот, и преку исказите, дека тоа што беше јавно објавено не соодветствува со целата снимка којашто ја гледавме овде, веројатно тоа ќе си го утврди и самиот суд, односно, се докажа дека само мал сегмент од таа снимка е објавена во јавноста, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

„Жалам што судот одлучи да не се објавуваат снимките јавно. Дефинитивно преку сите овие искази коишто се зедоа од мене како обвинето лице, од сведокот, гледањето на целосни видео снимки, онака како што постоеле, како и слушањето на телефонските разговори обезбедени од ПИ мерките и сите докази коишто ги дадовме во прилог, јас навистина очекувам да финишира овој процес онака како што ќе одлучи судот и по ова јас очекувам ослободителната пресуда за овој предмет“, рече Заев.

 

 

 

07.05.2018 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега