Заев потврди: Средба со Ципрас на маргините на Самитот ЕУ - Западен Балкан

Како што информираше грчкиот информативен портал „Њуз247“, се очекува средба Заев-Ципрас, на 17 мај, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Оваа информација ја потврди и премиерот Зоран Заев.

– Со Ципрас верувам дека ќе оствариме средба на Самитот. Веројатно ќе биде на маргините – рече премиерот.

Во насока на преговорите за името и евентуалниот напредок тој ја посочи и следната средба на министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, закажана за 12 мај во Атина.

 

 

 

 

07.05.2018 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега