Заев за командант Хоџа: Шакири чесно ќе си го заработува лебот

По завршувањето на рочиштето за случајот „Поктуп“ одговарајќи на новинарски прашања премиерот Зоран Заев потврди дека езаир Шакири е назначен за снегов советник за безбедност и радикализам.

Заев истакна дека дколку  доколку се појават екстрмистички групи, Шакири може да помогне бидејќи добро го знае реонот околу Танушевци. Во врска со изјавата на Шакири дека неговото поставување за советник било договорено со Заев за да го ослободи Танушевци, премиерот вели дека немало потреба од ослободување бидејќи во селото немало вооружени сили.

– Во духот на концептот едно општество за сите јас не ги делам граѓаните. Тој е граѓанин на Република Македонија и како и секој друг може да биде ангажиран како советник или соработник. Како и да се вика, Шакири чесно ќе си го заработува лебот бидејќи издржува многудетно семејство – рече Заев.

 

 

 

07.05.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега