Расипано месо, туна со хемикалии, лажно млеко за бебиња: Уапсени 749 лица, отровна храна доаѓала на Балканот

Расипано месо, туна обоена со хемикалии и лажно млеко во прав за бебиња се само дел од производите кои се запленети во рамки на истрагата на Европол од полиците на маркетите ширум Европа.

Истрагата со назив „OPSON VII“ е спроведена во текот на четири месеци во 67 земји, а резултатот е одземање на повеќе од 3.600 тони и 9.7 милиони литри храна и пијалоци при спроведени 41.000 проверки во продавниците, аеродромите, супермаркетите, морските пристаништа и индустриските зони. Вкупно се уапсени или задржани на испитување 749 лица.

-Резултатите од оваа акција покажуваат што се може да се постигне како би се заштитиле купувачите како ќе се здружат силите и покренат координирани акции, изјави Јари Лиаку, шеф на европскиот центар за тежок и организиран криминал на Европол.

Тој кажа дека оваа акција барала прекугранична сорабтока, дека сите држави се соочувале со оваа опасност и должност на агенциите за спроведување на законот е да се осигураат дека она што ќе дојде до чинијата на купувачите е здраво и сигурно.

-Откривме скоро 50 криминални мрежи вклучени во производство на лажна храна и пијалоци, и спречивме пуштање на пазарот потенцијално смртоносни производи, изјави Даоминг Жанг, шеф на одделот за илегални пазари при Интерпол.

-Обемот на запленувањето на производите е потсетување на јавноста дека мора да бидат внимателни по тоа прашање, околу тоа што купуваат и од каде стигнува робата, додава тој.

Случаи по земји

Белгија- продавање расипано месо за консумација

Во Белгија е затворена најголемата фабрика за преработка на месо, а супермаркетите ги тргнаа месните производи од нивните полици. Лиценцата за работа им е одземена после откриениот потенцијален здравствен ризик кај два производи: мелено месо и говедско месо. Инспекторите нашле месни отпадоци и делови од труп наменети за лекување животни, а забранети за консумација кај луѓето. После скандалот откриен на Косово во 2016 година, од Вевибе признаа дека извезувале расипано месо во земјите од југоисточна Европа и Африка, но прифатија да го коментираат само случајот со Косово.

Шпанија- лажно млеко во прав за бебиња

Четири луѓе се уапсени во фабрика која пакува криумчарени млечни формули, главно наменети за продажба во кина. Осум тона производи се забранети, а правот кој го купувале во посла за едно евро по килограм и доставувале до Барселона не бил штетен, но во него немало нутриенти потребни за прехранување на новороденчињата и производот не ги задоволувал здравствените и сигурносните стандарди.

Франција- криумчарење на расипана роба

Во координирана акција запленети се 9.5 тони расиплива роба и 60 литри гориво и суровина наменета за илегално рударство на злато.

Ширум Европа

Во текот на акцијата „OPSON VII“, 11 европски соработуваа како би разоткриле криминални фирми врзани со труење. Тоа беше прва таква акција спроведена на специфичен производ. Незаконските пракси вклучувале заменска риба која лажно била претставувана како свежа. Туна наменета за конзервирање илегално била третирана со хемикалии кои ја боеле рибата како таа би изгледала посвежа. Вкупно се запленети 51 тон туна и повеќе од 350 примероци.

Од Европол напоменуваат дека во текот на годините претставниците на агенциите поминале тренинзи и работилници за рации и истраги врзани за препознавање лажни производи од оригинални. Истакнуваат дека детален извештај за операцијата „OPSON VII“ ќе биде објавен во наредните месеци.

 

 

 

07.05.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега