Драма во Куманово: Им го зареле возилото и ги нападнале

 Во Полициска станица Куманово, вчера во 16 часот, 26-годишниот Е.З. и неговиот роднина, 25-годишниот Р.С. пријавиле дека истиот ден околу 15:30 часот додека со патничко моторно возило „Рено Еспејс“ се движеле по улица „Тоде Мендол“, биле сопрени од 26-годишниот А.М. од Куманово кој заедно со лицата А.С.(29) и Ф.С.(37), двајцата од Куманово, физички ги нападнале.

Откако оштетените отишле дома и им кажале за настанот на нивните роднини истите излегле на улица „Ужичка“ каде се сретнале со тројцата сторители, при што еден од пријавените лица со пиштол им упатил закани.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.05.2018 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега