МВР со нови детали за пожарот во скопски Аеродром: По втор пат избувна во иста зграда

Вчера околу 14:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „23-ти Октомври“ во зграда избувнал пожар во кој биле зафатени подрумски простории. Од страна на бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и повредени лица нема. На 07.05.2018 година во 00:40 часот повторно избувнал пожарот во истите простории и интервенирала екипа од бригадата за противпожарна заштита која во 01:25 часот го локализирала пожарот. 

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

 

 

 

 

07.05.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега