Му се заглавила ногата и не успеал да се спаси - тешко повреден тракторист во Радовиш

Во полициска станица вчера околу 16 часот било пријавено дека на местото викано „Штолна“ атар на селото Дамјан на земјен пат од селото Погулево кон село Дамјан, 83-годишниот С.Д. од Радовиш управувајќи трактор „Фергусон 735“ се лизнал во нива. 

Лицата Д.В. (73), Д.А.(73) и Ѓ.Ѓ.(72), сите од Радовиш, кои се превезувале со тракторот, успеале да скокнат од тракторот. С.Д не успеал во тоа бидејќи му се заглавила ногата, и се здобил со повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот.

 

 

 

 

07.05.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега