Средба Иванов - Заев за изборот на гувернер на НБРМ

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев претпладнето имале средба за усогласување на ставовите околу  изборот на гувернер на Народната банка на РМ, кој треба да биде заокружен на крајот на месецот.

Од кабинетот на премиерот за МИА потврдија дека имало средба, но не соопштуваат детали за разговорите. Посочуваат дека организатор на средбата бил кабинетот на претседателот на државата, од каде најавија соопштение за содржината на разговорите.

Средбата, која не беше формално најавена, е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

Инаку, претседателот Иванов за гувернер на Народна банка повторно го предлага досегашниот прв човек Димитар Богов, откако како што соопштија од неговиот кабинет, претходно се консултирал со надлежните институции. Но, владејачкото мнозинство не го прифаќа овој предлог. Мандатот на Богов завршува на 20 мај.

 

 

 

 

07.05.2018 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега