Невремето предизвика поплави во регионот - ќе се прогласи вонредна состојба

Поројни дождови предизвика поплави во јужна Грција, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Поради поплавите, запрен е сообраќајот на дел од автопатот Пиргос-Триполи и на магистралниот пат Пиргос-Кипарисија во близина на селото Каликомо.

Дождовите предизвикаа проблеми и во селото Лацој во областа Пиргос, како и во градот Оленија, каде што поминува реката Енипеа.

Локалните власти планираат да прогласат вонредна состојба во областите погодени од поплавите.

 

 

 

07.05.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега