Овој зеленчук е најмалку здрав и најмногу дебелее: Избегнувајте го особено ако држите диета

Иако сите советуваат да се јаде што е можно повеќе зеленчук, бидејќи тие продукти важат за најздрави, постојат и видови кои треба да се избегнуваат. Овој зеленчун е најнездрав и ја отежнува вашата диета.

Научници од универзитетот Харвард докажале дека некои видови зеленчук всушност не допринесуваат за губење на тежината, туку може да влијаат и врз дебелеењето.

Во истражување кое траело 20 години, учествувале 130.000 луѓе, а научниците ги следеле нивните навики на исхрана, како и кои намирници ги конзумираат, заклучено е дека всушност зеленчукот допинесува за дебелеење.

Со голема сигурност потврдиле дека зеленчук кој најмногу дебелее е пченката, компирот и грашокот.

Пченката се покажала како најлоша со 0,9 килограми повеќе во текот на две години од зголемувањето на порцијата на овој зеленчук. Причината за тоа е големиот гликемиски состав, интензивно зголемување на шеќерот во крвта по конзумирање кое влијае на зголемување на чувството на глад.

Интересно е дека лицата кои јадат зеленчук богат со влакна, како грав, изгубиле на тежина по некое време.

 

 

 

27.04.2018 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега