Состанок за унапредување на дијалогот и соработката меѓу владата и ГО

Националниот трилатерален состанок  „Активно учество во консултативните процеси со Владата - Совет за соработка и развој на ГО“ ќе се одржи денеска во организација на ИПА механизмот за граѓански организации.

Состанокот ќе го отвори Никола Бертолини, шеф за соработка на Делегацијата на ЕУ, а учесниците ќе расправаат за повеќе теми меѓу кои проток на информации од граѓанските организации кон владата и обратно, како и за можности за поврзување на Советот со постоечки мрежи на ГО и изнаоѓање заеднички бенефити за советот и ГО преку ефективно вмрежување.

Целта на состанокот е да се отвори дискусија за унапредување на структурниот дијалог и суштинската соработката меѓу владата и ГО.

Овој настан го поттикнува унапредувањето на соработката меѓу државните чинители и граѓанското општество, како и подобрувањето на меѓусебните партнерски односи во практикувањето на структурниот дијалог. 

 

 

 

23.04.2018 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега