Мотоциклист загина кај Битола - возел на едно тркало, па удрил во џип

Триесет и пет годишен мотоциклист вчера попладнето загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа „Лукоил”.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, потврди дека во сообраќајката учествувале џип и мотор, при што лицето кое управувало со моторот починало, објави Тера.

Поради сообраќајката, полицијата го запре сообраќајот низ обиколницата, а возилата се пренасочуваат низ Битола.

Според изјави на очевидци, мотоциклистот возел на едно тркало и неколку пати минал на истиот пат пред да се случи несреќата. Тој беше пренесен во болница, но за жал им подлегна на повредите.

 

 

 

23.04.2018 - 07:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега