Војник на АРМ со изгореници пренесен на Клиника

Во 18 часот и 45 минути во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12 часот во Медицински центар Неготино бил донесен вработен во АРМ.

Се работи за 38-годишниот Т.Р. од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело, најверојатно од барут.

По укажаната лекарска помош, бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје и е надвор животна опасност.  

 

 

 

21.04.2018 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега