Советник од Сојуз на Ромите се приклучи во коалицијата на СДСМ

На денешната седница на општина Куманово, Срѓан Рушити, советник од Сојузот на Ромите, на денешната седница на општина Куманово соопшти дека ќе премине во колацијата предводена од СДСМ, согласно политиките на неговата партија на централно ниво. Тој досега беше дл од коалицијата „За подобра Македонија“.

Инаку, претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, веќе ги подржува законите и одлуките на парламентарното мнозинство со Собранието на РМ, иако беше долгогодишен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

19.04.2018 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега