Димитров утре во посета на Луксембург

 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, утре ќе реализира возвратна посета на Луксембург.

Од Министерството за надворешни работи информират дека покрај средбата со својот домаќин, министерот Димитров ќе оствари средба и со претседателот на Парламентот, Марс Ди Бартоломео и со членовите на парламентарната Комисија за надворешни и европски прашања, одбрана, соработка и миграции.

Во рамки на посетата, во Стопанската комора на Луксембург, Димитров ќе ги презентира можностите за инвестирање во Република Македонија пред луксембуршките компании.

 

 

 

19.04.2018 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега