Државна службеничка на распит во ОЈО поради малверзации со посвојување на деца

Денеска во ОЈО на распит била повикана службеничка од Министерството за труд и социјална работа и политика за која се води предистражна постапка за мито и корупција при посвојување на деца, пренесува порталот Досие.

ОЈО истражува дали Ленче К., која претодно беше посочена во медиумите, барало пари за да го дозволи финалниот потпис на посвоителката Кристина Кузмановска.

ОЈО отвори постапка по допрен глас за случајот од 2013-та година, откако сторијата беше објавена во медиумите.

Повеќе детали ќе бидат соопштение по предистражната постапка.

 

 

 

19.04.2018 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега